Австриски министер за финансии: Санкциите против Русија се на сила

пред 3 години

Австрискиот министер за финансии Магнус Брунер тврди дека санкциите на ЕУ против Русија се веќе на сила.

„Видовме 30 отсто пад на вредноста на рубљата. Каматните стапки во Русија се удвоија на 20 отсто, што историски е најголемиот пад што рускиот финансиски пазар го претрпе досега“, објасни тој.

Брунер најави дека ќе следат дополнителни санкции кои дополнително ќе ја влошат ситуацијата во Русија.