Австриски министер: Следните две недели oд клучно значење

пред 4 години

Министерот за здравство на Австрија, Рудолф Ансшобер, изјави дека мерките почнуваат да стапуваат на сила, но дека следните две недели се одлучувачки во борбата против ширењето на коронавирусот.

„Вториот бран е силен и ја погоди цела Европа. Тешко е да се дејствува против него. Но, пандемијата не е природна катастрофа. Во борбата против пандемијата сè е во наши раце и ние како општество мора да направиме нешто против тоа”, рече Ансшобер на прес-конференција.

Тој потсети дека денес е 21 ден на делумно затворање на земјата и скоро една недела на целосно затворање. Според него, бројот на новоинфицирани сè уште е исклучително голем, драматично голем, но може да се види дека мерките полека почнуваат да влијаат.

„Сега сè зависи од следните две недели“, рече Ансшобер и апелираше до граѓаните да ги намалат сите контакти што не се потребни.

Share
Scroll to Top