Австрија ги олеснува условите за влез во земјата по два месеца рестрикции поради Ковид-19, па сите кои се вакцинирани и ја прележале болеста и оние со негативен тест за вирусот ќе може да влезат во земјата.
Во последните два месеца во Австрија можеа да влезат само вакцинирани, но важно за туристичката индустрија е да прими што повеќе гости во остатокот од зимската сезона, не само од Германија.
Од 5 март во Австрија се укинуваат речиси сите ограничувања освен носењето на маски FFP2 на некои јавни места. Исклучок е Виена, која засега делумно ги задржува мерките против коронавирусот во некои сектори, како што е угостителството.
Седумдневната инциденца од околу 2.200 случаи на 100.000 жители опаѓа, а состојбата во болниците, особено на интензивната нега, е стабилна.