Австрија: ЕУ сака дијалог со Русија, но Москва не е заинтересирана

пред 4 години

Австрискиот министер за надворешни работи, Александар Шаленберг, изјави дека Европската Унија сака дијалог со Русија, но дека Москва не покажува интерес.

Според него, односите меѓу Русија и Европската Унија во моментов се „напнати и отежнати“.

„ЕУ сака дијалог, сака канали за комуникација“, рече Шаленберг во интервју за Радио О1, но кога новинарот го праша дали и Москва, од своја страна, е заинтересирана за тој дијалог, австрискиот политичар одговори: „Не. моментално”, пренесе „Спутник“.

Во исто време, Шаленберг рече дека главните области во кои ЕУ сака да разговара и да соработува со Русија се – климата и енергетиката.

„Се надевам дека тонот на нашата комуникација ќе се промени во блиска иднина“, заклучи австрискиот министер.

Share
Scroll to Top