Рафаел Гроси, директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), изјави дека израелските напади врз иранските нуклеарни постројки се длабоко загрижувачки и предупреди за можните последици врз човековата безбедност и животната средина.
„Постојано нагласував дека нуклеарните постројки никогаш не смее да бидат нападнати, без оглед на околностите или контекстот. Ваквите напади имаат сериозни последици врз нуклеарната безбедност, безбедноста и меѓународниот мир“, рече Гроси во изјава до одборот на директори на МААЕ.
Тој ги повика сите страни да покажат максимална воздржаност и предупреди дека секоја воена акција што ја загрозува безбедноста на нуклеарните постројки може да има сериозни последици не само за Иран туку и за регионот и пошироко.
„Јасно е дека, и покрај сегашните воени дејства и зголемените тензии, единствениот одржлив пат напред за Иран, за Израел, за регионот и за меѓународната заедница лежи во дијалогот и во дипломатијата со цел да се обезбеди мир и стабилност“, рече тој.
Гроси додаде дека бил во постојан контакт со инспекторите на МААЕ во Иран откога Израел објави дека го таргетирал срцето на иранската нуклеарна програма.
Текстот Агенција на ОН за нападот врз Израел: Нуклеарните постројки никогаш не смее да бидат нападнати е превземен од МАКФАКС.






