Адвокатот на терористот Фејзулаи: Да одеше на бокс наместо во џамија ќе беше добар боксер

пред 3 години

Виенскиот адвокат Николаус Раст кој во претходното судење го бранел Кујтим Фејзулаи, еден од терористите во синоќешниот напад во Виена изјави, дека тој израснал во сосема нормално семејство, но дека неговата несреќа доаѓа како резултат на тоа што се дружел со погрешни луѓе.

„ За мене тој беше тинејџер кој немаше среќа да се дружи со вистински луѓе. Да не одеше во џамија, туку на бокс, ќе станеше добар боксер. Никогаш не би помислил дека ќе стане убиец“, вака Раст го опиша својот поранешен клиент, кој учествуваше во масакарот во Виена во кој загинаа 5 лица.

Раст го бранел Фејзулаи на судењето во април минатата година кога е осуден на затворска казна од 22 месеци за обид да се приклучи на Исламската држава во Сирија. За него се дозна откако мајка му го пријави за исчезнат, по што се дозна дека се обидел да отпатува на боиштата во Сирија.

Адвокатот Раст кажал и дека Фејзулаи како тинејџер редовно одел во една џамија каде се радикализирал и уште го дефинирал како момче без ориентација, кое барало место во животот. За време на неговата затворска казна поминал процес за дерадикализација за која се грижело здружението „Дерад“, специјализирано за тоа. Кон крајот на минатата година стручните лица оцениле дека Фејзулаи повеќе не е опасен и бил пуштен од затвор пред време.

Share
Scroll to Top