Азербејџан се пофали дека уништил неколку ерменски ракетни системи

пред 3 години

Вооружените сили на Азербејџан уништија неколку системи на ерменски борбени балистички ракети (ТБМ) рано во средата, соопшти Министерството за одбрана на Азербејџан на својот канал на „Телеграм“, пренесува ТАСС.

Според изјавата, азербејџанските воени сили откриле неколку ерменски ракетни системи ТБМ на границата со непризнатата Република Нагорно-Карабах во средата (по полноќ по московско време) во 01:00 часот по локално време.

„Ракетните системи, распоредени во оваа област, беа насочени кон цивилното население и инфраструктурата во Гања, Мингачевир и други азербејџански градови“, се вели во соопштението, додавајќи дека вооружените сили на Азербејџан ги уништиле за да спречат ракетен напад на неговата територија.

Обновените судири меѓу Азербејџан и Ерменија избувнаа на 27 септември, со интензивни битки во спорниот регион Нагорно-Карабах. Областа сведочеше на разгорување на насилството летото 2014 година, во април 2016 година и минатиот јули.

Азербејџан и Ерменија воведоа воена состојба и почнаа напори за мобилизација. Двете страни во конфликтот пријавија жртви, меѓу нив и цивили.

На разговорите што се одржаа на иницијатива на Русија во Москва, Баку и Ереван договорија прекин на огнот, кој стапи на сила во 12 часот по локално време на 10 октомври,од хуманитарни причини, со цел размена на притворените лица и телата на убиените во борбите. Сепак, обете страни се обвинуваат за кршење на договорот за прекин на огнот.

Share
Scroll to Top