Албанија од синоќа го затвори воздушниот простор за сите руски авиокомпании или секој авион регистриран во Русија, информира министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка.
Според неа, од тоа се изземаат оние летови кои се за хуманитарни или медицински цели или меѓудржавни потреби, пренесе Радио Слободна Европа.
Џачка информира и за други економски санкции против Русија, што ќе траат „сè додека Русија ја продолжува агресијата врз Украина“. Економските санкции опфаќаат ограничувачки мерки во секторот финансии, енергија, транспорт и технологија.
Исто така, Албанија нема да учествува на ниту еден спортски натпревар со Руската Федерација.