Песков: Испраќањето оружје на САД во Украина не придонесува за преговори

пред 2 години

Американското снабдување со оружје за Украина не придонесува за преговорите меѓу Москва и Киев, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков – пренесува ТАСС.

„Се разбира, тоа ќе има негативен ефект“, рече Песков.

Во средата, Сенатот на американскиот Конгрес едногласно го усвои предлог-законот за испорака на оружје во Украина според Законот за заем-закуп, со цел да се поедностави обезбедувањето воена помош за Киев.

За да стане закон, предлогот треба да биде одобрен од Претставничкиот дом и американскиот претседател Џозеф Бајден.

Share
Scroll to Top