Албанија: Mаските не се задолжителни на отворено, а полицискиот час е скратен

пред 3 години

Од денес во Албанија веќе не е задолжително да се носат маски надвор, а и понатаму ќе се носат во затворени простори и на места каде што не е можно да се одржува социјална дистанца, одлучи Комитетот надлежен за воведување мерки.

Исто така, времето на полицискиот час се скратува, кој сега трае од 23 до 6 часот наутро, пренесува порталот „Егзит“.

Одлучено е и дека од 15 јуни ќе биде дозволено собирање до 15 наместо до 10 лица, а од 1 јули се планира уште повеќе да се скрати полицискиот час, односно да биде од 24 до 6 часот наутро и сите спортски и културни настани да се отворат за јавноста до 30 проценти.

Share
Scroll to Top