Русија собра повеќе од 94.000 војници во близина на границите на Украина и можеби се подготвува за голема воена офанзива кон крајот на јануари, изјави денеска во парламентот украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников , повикувајќи се на разузнавачки извештаи.
Оваа недела Украина изврши притисок врз своите сојузници од Европската унија и НАТО да подготват остар пакет санкции со цел да ја одвратат Русија од офанзива.
Резников изјави дека Украина нема да направи ништо за да ја испровоцира ситуацијата, но дека е подготвена да возврати доколку Русија изврши напад, пренесува Ројтерс.