Клауд- сервисот на „Амазон“, “Амазон веб сервисес“, ги затвори инфраструктурата и сметките поврзани со израелскиот продавач за надзорна опрема „НСО груп“, објави американската медиумска група „Вајс“, пренесува Ројтерс.
Шпионскиот софтвер на „НСО груп“ бил користен во обиди и во успешни хакирања на 37 паметни телефони на новинари, владини службеници и активисти за човекови права во светот, покажува истрагата на 17 медиумски организации објавена во неделата.
„НСО“ го негираше извештајот и рече дека неговиот производ е наменет само за борба против тероризмот и криминалот од страна на владини разузнавачки служби и на агенции за спроведување на законот.
„Кога дознавме за оваа активност, дејствувавме брзо за да ги затвориме соодветната инфраструктура и сметки“, рече портпаролот на „Амазон“ без да разјасни дали сметките се директно поврзани со групацијата „НСО“.