На 19 април Нов Зеланд ги отвора своите граници кон Австралија

пред 3 години

Властите на Нов Зеланд денес објавија дека на 19 април ќе ги укинат ограничувањата за патување во Австралија.

Одлуката да се дозволи патување без задолжителен карантин меѓу двете соседни земји, кои покажаа добри резултати во борбата против заразата, беше дочекана со олеснување од бројни семејства разделени од пандемијата, но и од туристички работници кои се бореа да ги одржат и зачуваат своите деловни активности.

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, изјави дека здравствените експерти изразуваат уверување дека ризикот од ширење на вирусот од Австралија е минимален и дека патувањето во моментот е безбедно.

Претходно, Австралија им дозволи на граѓаните на Нов Зеланд да влезат во земјата без карантин, но властите на Нов Зеланд беа повнимателни и побараа сите патници од Австралија да поминат две недели во изолација.

Share
Scroll to Top