Амбасадата на САД во Ирак ги повика своите граѓани да ја напуштат земјата

Амбасадата на САД во Ирак ги повика своите граѓани да ја напуштат земјата

пред 3 месеци

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Ирак издаде ново безбедносно предупредување, велејќи дека вооружени групи поврзани со Иран извршиле „широки“ напади врз американски граѓани и објекти поврзани со САД низ целата земја, вклучително и во курдскиот регион.

Амбасадата во соопштението наведува дека ги повикува своите граѓани да го напуштат Ирак и да ја избегнуваат амбасадата во Багдад и генералниот конзулат во Ербил поради постојаниот ризик од ракети, беспилотни летала и ракети.

Беше советувано да се користат копнени патишта кон Јордан, Кувајт, Саудиска Арабија и Турција, бидејќи ирачкиот воздушен простор е сè уште затворен, пренесува Танјуг.

Текстот Амбасадата на САД во Ирак ги повика своите граѓани да ја напуштат земјата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top