Амбасадорот на Украина: Меркел би можела да посредува во конфликтот со Русија

пред 2 години

Украинскиот амбасадор во Германија Андриј Мелник смета дека поранешната германска канцеларка Ангела Меркел би можела да посредува во конфликтот меѓу Русија и Украина.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„За жал, Меркел очигледно реши да не се меша во дневната политика. Доколку чувствува потреба да може да ни помогне, да ја завршиме оваа ѓаволска војна, таа е добредојдена, особено затоа што со децении негува однос на доверба со Владимир Путин“, објасни Мелник во интервју за германскиот весник „Меркур“.

Запрашан дали има шанси да се дојде до решение преку преговори, тој рече дека секоја војна завршува на преговарачка маса и дека руската агресија не е исклучок.

„Во моментов шансите за такво нешто се многу мали. Путин до сега не сакаше да разговара со претседателот на Украина. Сите напори за посредување, дури и со германско посредништво, беа неуспешни. За нас тоа значи дека Путин ќе биде отворен за преговори само ако му ги покажеме границите на бојното поле“, подвлече тој.

Мелник, кој е познат по тоа што ја критикува германската влада, рече дека е охрабрен од одлуката за испорака на тешко оружје.

Тој, сепак, додаде дека е тажен поради реализацијата.

Потсети дека Украина пред три недели поднела барања за испорака на оклопни возила „Леопард“ и „Мардер“ и дека се уште чека зелено светло од германската влада.

„Ние не сакаме само стари системи за оружје. Оваа војна може да се добие само ако добиеме модерно германско оружје, без одлагање“, рече тој.

Во таа насока, тој побарал од канцеларот Олаф Шолц да одржи кризен состанок со претставници на германската индустрија за специјални намени.

Share
Scroll to Top