Американка на шопинг потрошила државна помош oд 150.000 долари, наменета за компании

пред 3 години

Американка од Северна Каролина, која наводно фалсификувала документи со цел да добие државна помош од 150.000 долари, наменета за компании, е обвинета дека ги потрошила сите пари за купување на брендирани производи, како што се Нејман Маркус, Луј Витон, Нордстром, а направила обиколки и низ продавниците за дијаманти, соопшти обвинителството од оваа американска држава.

Јасмин Клифтон (24) поднела барање за економска помош поради пандемијата, наведувајќи дека нејзиниот олајн бизнис за продажба на облека е уништен поради рестриктивните мерки, иако таа всушност ја затворила продавницата една година порано, објавија американските медиуми.

Прес-службата на Западниот округ на Северна Каролина наведува дека Клифтон презентирала документи дека нејзината компанија заработува 350.000 долари годишно, иако документите покажале дека продавницата е затворена во септември 2019 година.

Освен облека, обувки и дијаманти, жената трошела пари и во Икеа, Бест бај и Румс ту го, додава обвинителството.

Таа се товари за измама и искористување на условите при голема катастрофа, а во судницата се појавила во понеделникот и била ослободена со кауција од 25.000 долари, објави АП.

Жената се соочува со казна затвор од 30 години, а би можела да плати и глоба од 1,25 милиони долари.

Share
Scroll to Top