Меѓународните санкции кои би биле воведени од САД ќе доведат до изолација на Русија, доколку претседателот Владимир Путин изврши инвазија врз Украина, изјави заменик-советникот за национална безбедност во Белата куќа задолжен за меѓународна економија, Далеп Синг.
Според него, таквиот тек на настаните би ја направил Русија отфрлена за меѓународната заедница.
„Русија ќе стане изолирана од глобалните финансиски пазари и ќе биде лишена од најсофистицираните технолошки иновации“, изјави заменик-советникот за национална безбедност во Белата куќа задолжен за меѓународна економија, Далеп Синг.
Во тој контекст, тој говореше за интензивен одлив на капитал, зголемен притисок врз руската валута, зголемена инфлација, повисоки трошоци за задолжување, економски пад и ерозија на нејзиниот производствен капацитет“. Синг рече дека САД се подготвени за справување со евентуални последици доколку Русија одлучи да ги користи своите огромни енергетски резерви како одговор на западните санкции.