Американскиот носач на авиони ненадејно ги напушти хрватските води порано од планираното

пред 3 години

Американскиот носач на авиони „Хари Труман“, кој кон крајот на минатата недела вплови во хрватскиот дел на Јадранот кај Сплит, синоќа ненадејно ги напушти хрватските води.

Наместо во вторник наутро, „Труман“ исплови во понеделникот вечерта, а тоа претходно околу 21 часот го направи норвешката фрегата во негова придружба, која се упати низ Сплитската порта понатаму кон отворено море, додека самиот носач ја користеше рутата околу островот Дрвеник два часа подоцна пренесуваат хрватските портали.

Нема официјална најава за раното напуштање на бродот од хрватските води, како и одговор на прашањето дали овој потег е поврзан со растечката ескалација на односите меѓу САД и Русија во однос на ситуацијата во Украина, пишуваат порталите.

Потсетуваат дека вчера неофицијално можеше да се слушне дека „Труман“ ќе продолжи да плови некаде во Медитеранот.

Инаку, вчера американскиот носач на авиони го посетија премиерот Андреј Пленковиќ и тројца министри.

Share
Scroll to Top