Американските и полските војници спроведуваат вежби во близина на границата со Украина

пред 2 години

Американските трупи кои неодамна пристигнаа во Полска почнаа со вежби во близина на границата со Украина, изјави полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак.

„Во текот на викендот војниците на 18-та механизирана дивизија на полската армија започнаа заеднички вежби на југоистокот на земјата со американските војници од 82-та воздушно-десантна дивизија“, напиша Блашак на Твитер, пренесува РИА Новости.

Соединетите Американски Држави и Велика Британија неодамна распоредија дополнителни 1.700 и 350 војници во Полска.

Share
Scroll to Top