Американските сенатори го поддржаа законот за поголема контрола на оружјето

пред 2 години

Група американски сенатори составена од членови на Демократската и Републиканската партија изјавија дека се договориле за нацрт-законот кој ќе ја заостри контролата на оружјето во САД.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Сенаторите исто така изјавија дека ќе го поддржат Законот за црвено знаме, правен акт кој ги спречува поединците кои покажуваат знаци на закана кон себе или кон другите, да купат или поседуваат каков било вид огнено оружје, пренесува Ројтерс.

Меѓу американските сенатори кои поддржуваат засилена контрола на оружјето има и членови на Републиканската партија, која вообичаено е против ваквите мерки, па се очекува да биде усвоен предлогот за поголема контрола на оружјето.

Share
Scroll to Top