Американски политиколог: Америка не го победува Иран и испраќа лоша порака до Русија и Кина, ние покажуваме дека сме неспособни

Американски политиколог: Америка не го победува Иран и испраќа лоша порака до Русија и Кина, ние покажуваме дека сме неспособни

пред 3 часа

Американскиот професор по меѓународни односи Џон Миршајмер, еден од највлијателните теоретичари на реализмот во светот и долгогодишен професор на Универзитетот во Чикаго, остро ја критикуваше политиката на Соединетите Американски Држави кон Иран. Според него, Вашингтон влегол во конфликт во кој не може да победи и во кој нема јасна стратегија.

Миршајмер, познат по своите анализи за глобалната рамнотежа на моќ и честите критики кон американската надворешна политика, предупреди дека сегашниот пристап на САД испраќа многу лоша порака до големите светски сили како што се Кина и Русија.

„Ние не победуваме против Иран. Ние едноставно не победуваме“, рече Миршајмер, додавајќи дека главниот проблем е што конфликтот започнал без реални претпоставки за успех.

Според него, Соединетите Американски Држави немале ниту доволен воен капацитет ниту јасно дефинирани цели кога влегле во овој конфликт.

„Ја испраќаме пораката дека сме група будали кои започнаа војна во која не можат да победат. Немавме потребни воени сили за да ги постигнеме целите за кои зборувавме, ниту пак имавме сериозен план“, истакна тој.

Тој верува дека таквата политика сериозно му штети на меѓународниот кредибилитет на Вашингтон, особено во очите на неговите стратешки соперници.

„Што им кажува тоа на Кинезите, а што на Русите? Им кажува дека сме неспособни“, рече Миршајмер.

Во овој контекст, тој ги спомена и американските политички актери Стив Виткоф и Џаред Кушнер, наведувајќи дека преку претходните контакти со нив, руските претставници веќе можеле да добијат јасна слика за слабостите на американската политика.

„Русите имале доволно контакти со Стив Виткоф и Џаред Кушнер за целосно да разберат колку сме неспособни“, заклучи Миршајмер, пренесуваат медиумите во регионот.

Текстот Американски политиколог: Америка не го победува Иран и испраќа лоша порака до Русија и Кина, ние покажуваме дека сме неспособни е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top