Американски разорувач пресретна ирански товарен брод

Американски разорувач пресретна ирански товарен брод

пред 3 часа

Американски разорувач вчера пресретна ирански товарен брод додека се обидуваше да ја пробие поморската блокада. Бродот под иранско знаме исплови од пристаништето Бандар Абас, помина низ Ормускиот теснец и продолжи да плови по брегот на Иран, но разорувачот со водени ракети USS Spruance (DDG 111) успешно го пренасочи и го принуди да се врати назад, објави Централната команда на САД (Centcom).

Со ова, бројот на бродови запрени и вратени во Иран се искачи на десет. Откако американската блокада започна во понеделник, ниту еден брод не успеа да го пробие, додадоа тие.

Текстот Американски разорувач пресретна ирански товарен брод е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top