Американскиот сенатор Линдзи Греам изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп планира да воведе царини за земјите што купуваат руска нафта, вклучувајќи ги Кина, Индија и Бразил.
Овие три земји купуваат околу 80 проценти од руската нафта по намалени цени, со што ја финансираат руската воена машинерија, според Греам, пренесуваат светските медиуми.
„Путин, твој ред е. Доналд Трамп ќе те среди. Тој ќе воведе царини за оние што купуваат руска нафта – Кина, Индија и Бразил“, изјави Греам за „Фокс њуз“.
„Овие земји ќе мора да изберат помеѓу Путин и американската економија“, додаде Греам.
Републиканскиот сенатор истакна дека плановите на Трамп би можеле да вклучуваат царини до 100 проценти за земјите што продолжуваат да соработуваат со Русија, доколку Москва не одговори на ултиматумот во врска со војната во Украина во рок од 50 дена. Тој го спореди тој потег со претходниот американски притисок врз Иран.
Изјавата на Греам доаѓа откако Трамп постави строг рок за Русија, а предлогот за нов пакет санкции против Москва веќе доби широка поддршка во Претставничкиот дом на САД.
Фото: принтскрин
Текстот Американски сенатор: Трамп планира да воведе стопроцентни царини за земјите што купуваат руска нафта е превземен од МАКФАКС.