Американците открија што се случи со огромниот руски конвој

пред 2 години

Директните напади во комбинација со уништувањето на мостот го забавија напредувањето на огромен руски воен конвој, лоциран на околу 24 километри северно од Киев, изјави денеска висок претставник на американското Министерство за одбрана.

Во меѓувреме, Украина задржа „значително мнозинство“ од своите воздухопловни сили, па се чини дека Русија не успева да воспостави доминација во воздухот, пишува CNN.

Конвојот долг 64 километри не постигна значителен напредок од викендот, рече официјалниот претставник.

– Сметаме дека украинското кревање на мостот во воздух имаше значително влијание за запирање, односно забавување на движењето на тој конвој. Веруваме и дека Украинците директно го погодиле конвојот – рече тој.

Претходно оваа недела, официјалниот претставник рече дека проблемите со логистиката и снабдувањето значително придонеле за забавување на конвојот.

Сепак, Американците сметаат дека силите кои го сочинуваат конвојот се прегрупираат, учат од грешките и дека ќе продолжат со обидот за напад на главниот град на Украина.

Што се однесува до борбата за превласт во воздухот, функционерот рече дека Украинците се уште имаат на располагање борбени авиони, хеликоптери и беспилотни летала, иако претрпеле одредени загуби.

Share
Scroll to Top