Американци се пријавуваат во украинската амбасада за да војуваат против Русија

пред 2 години

Илјадници луѓе се пријавиле во украинската амбасада во Вашингтон во обид да ѝ се придружат на украинската армија во борбата против Русија.
Воен претставник во амбасадата изјави за агенцијата „Анадолија“ дека добиле повеќе од 3.000 барања преку е-пошта од оние кои сакале да одат во Украина.

„ Им одговоривме и побаравме да го пополнат формуларот за апликација. После тоа ќе ги разгледаме сите апликации и ќе провериме кој е способен да оди. Сега сме во процес“, изјави неименуван функционер.

Помалку од половина од оние кои испратиле барање ги пополниле своите апликации. Меѓу пријавените има и поранешни воени службеници и цивили кои сакале да му помогнат на украинскиот народ во хуманитарни прашања.

Официјалниот претставник, исто така, ја пофали меѓународната поддршка за Украина, вклучително и онаа на Турција, која ја нарече „инспиративна“.

„ Добиваме и материјална и морална поддршка. Турската поддршка е особено важна за нас. Ние сме посветени да ја браниме нашата земја“, рече тој.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека околу 16.000 странски доброволци борци ќе ѝ помогнат на Украина и дека првиот конвој наскоро ќе пристигне во земјата.

Share
Scroll to Top