Америка испраќа купишта оружје во Украина, објавени фотографии

пред 3 години

Вчера доцна навечер, авион со големо количество оружје испратено од Америка слета на аеродромот во близина на Киев, главниот град на Украина.

Според фејсбук страницата на американската амбасада во Киев, ова е 14. лет со кој Американците испраќаат воена помош за Украина. Во соопштението се наведува дека во најновата пратка има и противтенковски ракети „џавелин“.

„САД во јануари испратија околу 1.200 тони воена опрема со одобрение на претседателот Бајден. Тоа е опрема што ѝ е потребна на Украина за да се заштити од руската агресија“, се вели во соопштението на американската амбасада.

Објавени се и фотографии од опремата испратена во синоќешната пратка.

Русија испрати дополнителни трупи на границата со Украина и може да изврши инвазија во секој момент, вклучително и за време на Зимските олимписки игри, изјави денеска американскиот државен секретар, Ентони Блинкен.

Тој рече дека Вашингтон продолжува да го повлекува персоналот од својата амбасада во Украина и го повтори повикот на Стејт департментот до сите граѓани на САД во Украина веднаш да ја напуштат земјата.

„Едноставно кажано, сè уште гледаме многу загрижувачки знаци за руска ескалација, вклучително и повеќе војници кои пристигнуваат на украинската граница“, рече Блинкен на прес-конференција во австралискиот град Мелбурн.

$bp(“Brid_44575670”, {“id”:”26456″,”width”:”800″,”height”:”400″,”video”:”954285″,”autoplay”:0,”shared”:true});

„Како што веќе рековме, инвазијата може да започне во секој момент и да биде јасно, тоа го вклучува и времето на одржување на Олимписките игри“, додаде тој.

Share
Scroll to Top