Америка и Иран продолжуваат со меѓусебните напади

Америка и Иран продолжуваат со меѓусебните напади

пред 3 часа

Американците и Иранците продолжија да се напаѓаат меѓусебно и денес, при што Вашингтон објави дека бомбардирал десетици цели, додека Техеран рече дека нападнал бази што ги користат САД во Јордан, Бахреин и Кувајт.

Американските сили „ги нападнаа иранските системи за воздушна одбрана, крајбрежните радари, ракетите и беспилотните летала, како и малите бродови“, напиша американската Централна команда на X, наведувајќи „десетици цели“.

Исламската револуционерна гарда, идеолошката армија на Техеран, тврди дека нападнала бази што ги користат САД во Јордан, Бахреин и Кувајт, објави иранската новинска агенција ИРНА.

Дипломатските напори „се сведени на ништо“, тврди Техеран
Распламтувањето на конфликтот влијаеше на цената на нафтата.

Суровата нафта Брент од Северното Море за испорака во септември порасна за 3,85 проценти на 78,94 долари за барел.

Нејзиниот американски еквивалент, West Texas Intermediate за испорака во август, порасна за 3,84 проценти на 74,15 долари за барел.

Текстот Америка и Иран продолжуваат со меѓусебните напади е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top