Америка потроши 11 милијарди долари во првите шест дена од војната

Америка потроши 11 милијарди долари во првите шест дена од војната

пред 2 часа

Првата недела од војната против Иран ги чинеше Соединетите Американски Држави повеќе од 11,3 милијарди долари, според брифингот на Пентагон до членовите на Конгресот, објави денес „Њујорк тајмс“.

Повикувајќи се на анонимни извори кои присуствуваа на брифингот во вторник, весникот наведува дека бројката исклучува многу трошоци поврзани со подготовката за нападот, што сугерира дека конечната бројка би можела да биде многу поголема.

Службеници на Пентагон претходно му кажаа на Конгресот дека околу 5,6 милијарди долари муниција биле потрошени во првите два дена од конфликтот, што е далеку повеќе од претходните проценки.

Центарот за стратешки и меѓународни студии (CSIS), независен тинк-тенк со седиште во Вашингтон, ги процени трошоците за првите 100 часа од операцијата на 3,7 милијарди долари, или повеќе од 891 милион долари дневно.

Дел од тие трошоци веќе се предвидени во буџетот, но поголемиот дел – 3,5 милијарди долари – не се предвидени, забележа CSIS во студија објавена на 5 март.

Веб-страницата „Iran War Cost Tracker“, која ги следи трошоците на САД за војната во Иран во реално време, во четврток наутро околу 8 часот по Гринич презентираше проценка според која вкупниот износ е повеќе од 17 милијарди долари.

Според таа страница, САД трошат милијарда долари дневно. Но, тие проценки не ги земаат предвид долгорочните трошоци, како што се грижата за ветераните или индиректните трошоци.

Центарот за американски напредок (CAP), кој ги вклучува овие индиректни трошоци во своите пресметки, процени дека трошоците за војната надминале пет милијарди долари само на четвртиот ден од конфликтот.

„Со сегашното темпо на операции, тринеделна војна лесно би можела да предизвика трошоци што надминуваат десетици милијарди долари“, процени CAP.

Текстот Америка потроши 11 милијарди долари во првите шест дена од војната е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top