Америка предупредува: Очекуваме ирански напад врз Израел

Америка предупредува: Очекуваме ирански напад врз Израел

пред 7 месеци

САД очекуваат дека ќе има напад од Иран врз Израел, но тој нема да биде од толку голем обем да и Вашингтон би бил вовлечен во војната, изјави за Ројтерс неименуван американски функционер.

Белата куќа претходно соопшти дека САД не сакаат конфликтот да се прошири на Блискиот исток и дека САД му кажале на Иран дека не биле вклучени во воздушниот напад врз висок ирански воен командант во Дамаск.

Белата куќа соопшти дека го предупредила Иран да не го користи нападот како изговор за понатамошна ескалација во регионот.

Израелски воени авиони ја бомбардираа иранската амбасада во Дамаск во понеделникот, а Иран соопшти дека ќе се одмазди за нападот во кој загина висок ирански генерал и уште шест ирански воени офицери.

Ирански извори изјавија за Ројтерс дека Техеран му сигнализирал на Вашингтон дека ќе одговори на нападот на Израел врз иранската амбасада во Сирија на начин кој има за цел да избегне голема ескалација и нема да дејствува избрзано, бидејќи Техеран бара прекин на огнот и во Појасот Газа.

Текстот Америка предупредува: Очекуваме ирански напад врз Израел е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top