Постара жена од село во близина на Киев украла муниција од руски војници додека спиеле

пред 2 години

Постара жена во село во близина на Киев украла муниција од руски војници додека спиеле за време на окупацијата, јави германската новинска агенција ДПА.

Жената потоа го сокрила пленот во колиба за зајаци и подоцна им го предала на украинските војници, објави украинската новинска агенција УНИАН, цитирајќи видео објавено на Телеграм од советникот на украинското Министерство за внатрешни работи Антон Херашченко.

Жената рече дека не се исплашила кога руските сили влегле во нејзиното село Перемоха и решиле да ги „разоружаат“ и им дале муниција на украинските војници кога неодамна дошле во нејзиното село, пренесува УНИАН.

Share
Scroll to Top