Англија бесплатно ќе дели витамин Д како превентивна мерка против Ковид-19

пред 3 години

Англиските власти објавија дека ќе понудат бесплатна испорака на витамин Д за околу 2,7 милиони граѓани кои припаѓаат на ризични групи.

Витаминот Д е неопходен за правилно функционирање на имунолошкиот систем, поради што многу експерти веруваат дека веројатно ќе помогне во намалување на ризикот од инфекција или развој на потешки симптоми на Ковида-19.

Властите денес објавија дека автоматски ќе испраќаат витамин Д во сите домови за стари лица низ Англија. Покрај тоа, тие ќе им го понудат овој витамин бесплатно на ризичните групи на луѓе кои потоа ќе одлучат дали сакаат да го користат.

Испораките на четиримесечните залихи со витамин Д ќе започнат во јануари, пишува „Скај Њуз“.

Сепак, ескпертите наласуваат и дека прекумерното внесување на витамин Д може да има штетни ефекти врз организмот и затоа е важно луѓето да се придржуваат до препорачаните дози.

Share
Scroll to Top