Арагчи: Подготвени сме за преговори, но и за борба

Арагчи: Подготвени сме за преговори, но и за борба

пред 5 часа

Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, денес изјави дека, доколку е потребно, Иран ќе биде подготвен и за преговори и за борба, нагласувајќи дека дипломатијата работи во целосна координација со државните и воените структури.

Зборувајќи на комеморативната церемонија во Техеран посветена на поранешните ирански министри за надворешни работи, Камал Харази и Хосеин Амир-Абдолахијан, Арагчи рече дека Министерството за надворешни работи не ја одвојува својата мисија од целите на земјата.

„Не сметаме дека нашата мисија е одвоена од мисијата на другите. Каде и да е потребно да се бориме, ќе се бориме; каде и да е потребно да се преговара, ќе преговараме“, рече Арагчи.

Тој додаде дека иранската дипломатија работи во согласност со целокупните државни интереси и во координација со сите владини институции.

„Доколку е потребно и ако интересите на државата бараат да се подготвиме во областа на дипломатијата, разговорите и преговорите, ќе се подготвиме. Но, со сила, истата сила со која вооружените сили се подготвуваат да ја бранат земјата“, рече шефот на иранската дипломатија.

Арагчи, исто така, изјави дека одржува секојдневен контакт со воените команданти и дека сите тие работат кон истата цел.

„Може да се случи неколку пати на ден јас и командантите на вооружените сили да учествуваме на различни состаноци и сите да се стремиме кон истата цел“, рече Арагчи за време на говорот во Техеран.

Фото: ЕПА

Текстот Арагчи: Подготвени сме за преговори, но и за борба е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top