„Астразенека“ и ЕУ пред договор?

пред 4 години

Продолжува драмата околу средбата меѓу претставниците на Астра Зенека и членките на ЕУ. Средбата заврши доцна синоќа, а еден твит сугерира дека ќе има решенија.

Вчера, Европската комисија ја повика британско-шведската фармацевтска компанија да ја исполни својата договорена, социјална и морална обврска и да ги достави договорените дози на вакцини Ковид-19 во Европа, бидејќи компанијата објави дека ќе ја намали испораката на вакцините во ЕУ во првиот квартал.

Лидерите на ЕУ и рекоа на „Астразенека“ дека ќе ги тужат за кршење на договорот доколку дозите произведени во Велика Британија не бидат пренасочени кон ЕУ. Следеше драмата околу состанокот – прво имаше информација дека „Астразенека“ го откажала учеството на состанокот со претставници на ЕУ во Брисел, но подоцна компанијата соопшти дека тоа не е точно и дека ја прифатиле поканата за состанок со Управниот одбор на Европската комисија.

Конкретните заклучоци од состанокот не се познати, но се чини дека страстите се смирија, судејќи според објавата на Твитер од страна на европскиот комесар за здравство, Стела Кјаријакидес.

„Конструктивен тон во нашата размена на ставови со извршниот директор на ‘Астразенека’, Паскал Сориот, на нашиот одбор за вакцините. ЕУ останува цврста. Вакцините мора да бидат доставени, договорот мора да се почитува”, напиша таа.

Share
Scroll to Top