Голем товарен брод го блокира Суецкиот канал, застојот може да трае со денови

пред 3 години

Голем брод со контејнери го блокираше Суецкиот канал откако се заглави под налетот на ветерот. Поради тоа прекинат е сообраќајот на вода, на една од најфреквентните трговски патишта во светот.

Станува збор за тајвански брод на компанијата „Марин Евергрин“, долг 400 метри и широк 59, кој се испречи на патот и го оневозможува минувањето на други бродови низ каналот, пренесува Би-Би-Си.

Властите соопштија дека прават се за да му помогнат на бродот што побрзо да го продолжи патот, иако се стравува дека блокадата на каналот може да трае со денови. Десетици бродови во моментов чекаат да го поминат каналот.

Суецкиот канал ги поврзува Средоземното и Црвеното Море и ја формира најкратката морска врска помеѓу Азија и Европа.

Share
Scroll to Top