Шведскиот координатор за вакцини Ричард Бергстром денес изјави дека според сегашните информации, „Астразенека“ ќе може да и испорача 150 милиони дози вакцина против Ковид-19 на Европската Унија во вториот квартал, како што беше претходно соопштено.
„Тоа е дури и помалку отколку во првичниот договор“, истакна тој, објави „Ројтерс“.
„Не сме целосно задоволни, но тие се обидуваат да најдат нови количини и сметаме дека тоа е многу добро“, рече Бергстром на прес-конференција.