Бавната вакцинација скапо ја чини Австрија

пред 4 години

Австрискиот труст „Агенда Австрија“ го критикуваше управувањето со вакцинацијата во Австрија.

„Дури и да има доволно вакцини, ќе и требаат недели на Австрија за да се најде во сегашната состојба на САД, Велика Британија или Израел“, рече Хајке Ленер, економист во „Aгенда Австрија“.

На Австрија би и биле потребни седум до 11 недели за да го достигне сегашното ниво на вакцинација во Израел, проценуваат експертите.

Загубата што ќе ја претрпи државата за тоа време, ќе достигне помеѓу пет и 14 милијарди евра.

Според австриското Министерство за здравство, 1,7 милион Австријци ја примиле првата доза на вакцина досега, што е само 16,38 проценти од граѓаните над 16 години.

Само 488.062 лица, или 6,29 проценти, биле целосно имунизирани.

За споредба, Израел веќе вакцинираше повеќе од 56 проценти од населението, а 52 проценти се целосно имунизирани. Речиси сите граѓани постари од 70 години и 80 проценти над 50 години се целосно имунизирани.

Австрија очекува поголеми испораки на вакцини во следните недели, а само во април треба да пристигнат околу 1,3 милион вакцини.

Според Министерството за здравство, дневниот број на вакцинирани лица ќе се зголеми со зголемената испорака на вакцини.

Моментно во просек на секои 2,9 секунди едно лице е вакцинирано против коронавирус во Австрија.

Share
Scroll to Top