Германец обвинет за шпионирање на Бундестагот за Русите

пред 3 години

Германското сојузно обвинителство покрена обвинение против германски државјанин кој е обвинет за шпионажа во корист на руската разузнавачка служба. Обвинителството го товари за предавање на плановите на зградата на Бундестагот, пренесува „Ројтерс“.

Јенс Ф, наводно, собирал податоци од компјутери кои содржеле планови за зградата на Бундестагот, каде што ја одржувал електрична опрема во тамошните канцеларии, рече федералниот обвинител.

Обвинителството објави дека во втората половина на 2017 година, тој одлучил собраните датотеки да ги пренесе на руското разузнавање и дека податоците ги испратил до службеник во руската амбасада, кој работел за руската разузнавачка агенција ГРУ, пренесува „Ројтерс“.

 

 

Share
Scroll to Top