Американскиот претседател Џо Бајден денеска повторно ја предупреди Русија дека ќе се соочи со брзи и тешки последици доколку ја нападне Украина, но нагласи дека САД ќе продолжат да се ангажираат доколку Москва е искрена кога станува збор за решавање на безбедносните прашања преку дијалог.
„ Ако Русија е искрена за решавање на безбедносните прашања, САД и нивните сојузници ќе продолжат да се ангажираат со добра волја. Доколку, напротив, избере да се дистанцира од дипломатијата и да ја нападне Украина, Русија ќе сноси одговорност и ќе се соочи со брзи и тешки последици“, рече Бајден во изјавата објавена на веб-страницата на Белата куќа по состанокот на Советот за безбедност на ОН за Украина.
Бајден посочи дека на тој состанок САД детално ја претставиле целосната природа на заканата на Русија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“.
Тој додаде дека САД и нивните сојузници продолжуваат да се подготвуваат за секое сценарио и оцени дека светот мора да има јасна слика за дејствата што Русија ги загрозува, и да биде подготвен да одговори на ризиците што тие дејства ги носат за секого.