Бајден ги одобри санкциите против Мјанмар

пред 3 години

Американскиот претседател Џо Бајден ја одобри извршната наредба за воведување санкции против одговорните за пучот во Мјанмар од 1 февруари.

Бајден рече дека наредбата и дозволува на неговата администрација итно да воведе санкции против воените лидери кои го воделе пучот, што ќе ги вклучува и нивните деловни интереси и членовите на нивните семејства“, пренесува „Ројтерс“.

Претседателот на САД рече дека оваа недела Вашингтон ќе ги утврди главните одговорни лица, како и дека ќе воведе построга контрола при извозот во Мјанмар.

САД се подготвени да воведат дополнителни мерки, рече претседателот на САД.

Власта во Мјанмар ја држи армијата, која со државен удар ја симна од власт премиерката Аунг Сан Су Ки.

Таа е во притвор и полицијата покрена обвинение против неа.

Share
Scroll to Top