Ројтерс: Две експлозии во Киев за време на обраќањето до медиумите на Зеленски и Гутереш

пред 2 години

Според агенцијата, очевидци можеле да ги потврдат експлозиите, но нема детали што ги предизвикало.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Сепак, Градскиот совет на Киев на Телеграм напиша дека Русија стои зад експлозиите во областа Шевченковски.

Официјални лица изјавија дека сите служби за итна помош се на местото на настанот, но се уште не се знае дали и колку жртви има, пренесе Би-Би-Си.

Експлозиите се случија додека генералниот секретар на НАТО Антонио Гутереш беше во посета на Киев и одржуваше заедничка прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Претходно денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова го предупреди Западот да не ја охрабрува Украина да ја нападне руската територија.

Share
Scroll to Top