Џозеф Бaјден, најстариот американски претседател на должност, го прослави својот 79-ти роденден (20 ноември) со семејството, еден ден по лекарскиот извештај во кој беше оценет како способен да ги води САД.
Демократскиот претседател за славеничкиот викенд престојува во својата изборна единица во Вилмингтон, на 170 километри од главниот град Вашингтон, јавуваат американските медиуми.
Бајден нема планирани јавни настапи во неговата програма.
„Среќен роденден на мојот пријател и брат“, му посака на „Твитер“, Барак Обама, во чија администрација Бајден беше потпретседател осум години.