Бајден: Демократијата е важен елемент за иднината на Америка

пред 2 години

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, по големата регионална средба со самитот на Латинска Америка изјави дека демократијата е важен елемент за иднината на Америка.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

– Нашиот регион е голем и разновиден. Не секогаш се согласуваме за се. Но, бидејќи сме демократија, на нашите разлики им пристапуваме во меѓусебно почитување и дијалог – посочи Бајден.

Инаку, големиот „Америка Самит“ се одржува во Лос Анџелес. Сепак, претседателите на некои земји како Мексико, Боливија, Гватемала и Хондурас не се појавија.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез ѝ се налути на Белата куќа најмногу поради тоа што ги исклучи Куба, Венецуела и Никарагва.

Самитот на САД треба да ја покаже подготвеноста на администрацијата на Бајден да ги охрабри и обнови врските со земјите од Латинска Америка во време кога Кина многу инвестира во таа област, пренесува Хина.

Share
Scroll to Top