Американскиот претседател Џо Бајден и се обрати на нацијата во врска со ситуацијата во Украина. Тој рече дека Америка забранува увоз на руски гас, нафта и јаглен.
На почетокот на своето обраќање рече дека се воведува забрана за увоз на руска нафта и гас и други извори на енергија во САД.
„Тоа значи дека руската нафта повеќе нема да пристигнува во американските пристаништа, а нашите граѓани ќе и нанесат уште еден гаден удар на воената машинерија на Путин“, рече Бајден.
Тој кажа дека оваа одлука има силна поддршка во Конгресот, а како што рече верува и кај народот.
Бајден посочи дека одлуката е донесена по консултации со партнерите ширум светот, особено во Европа.
„Обединетиот одговор на агресијата на Путин беше мојот фокус, сите мора да бидеме обединети“, рече Бајден, додавајќи дека одлуката е донесена иако САД се свесни дека многу европски партнери нема да можат да ја следат Америка со оваа одлука.
„Произведуваме повеќе нафта од сите европски земји заедно. Затоа ние можеме да го направиме ова, а тие не“, рече Бајден.
Претседателот на САД рече дека ќе работи со своите партнери за да им олесни да не бидат толку зависни од руската енергија.
Бајден истакна дека со Зеленски во изминатите неколку дена се слушал неколку пати, но и со други лидери.
„Досега дадовме повеќе од милијарда долари поддршка за Украина“, рече Бајден.
Тој посочи дека на Украина и се дава поддршка во оружје, но и хуманитарна поддршка во форма на вода, храна и други потреби.
„Во текот на викендот Блинкен беше на границата меѓу Полска и Украина за да ја процени ситуацијата, како и во Молдавија“, рече тој.
Информира дека Камала Харис ќе отпатува во Полска оваа недела за да се сретне со партнерите. Тој посочи и дека вчера разговарал со лидерите на Германија и Франција со цел да се процени ситуацијата во Украина.
„Разговаравме за натамошните чекори што ќе ги преземеме како одговор на оваа агресија. Санкциите што ги воведуваме нанесуваат сериозна штета на руската економија“,рече Бајден коментирајќи го драстичниот пад на рубљата.
Лидерот на САД рече дека и руските олигарси се под санкции.
„Ги фаќаме нивните јахти. Огромни јахти, вредни стотици милиони долари“, рече тој.
Кажа дека потезите на Путин се чувствуваат и во САД.
„Видете ги нашите луѓе, на бензинските пумпи, горивата скокаат, но ние ќе го решиме, ќе дадеме повеќе гориво од резервите. Ќе преземеме чекори за да имаме доволно енергија. Ќе направиме се за да ги заштитиме луѓето, да ја заштитиме економијата“, вети Бајден.
„Јасно ни е дека војната на Путин против Украина директно влијае на растот на цените. Руската агресија не чини сите, но нема да толерираме многу“, рече Бајден.
„Војната на Путин предизвика непотребни страдања и загуби на животи. Украинските лидери, како и другите лидери во светот, повикаа на прекин на огнот, на дипломатија, но Путин продолжи сам, без разлика на цената. Сега цели кон цивили, нуклеарни централи, без разлика на опасноста. Поради него 2 милиони луѓе ги напуштија своите домови“, рече Бајден.
Додаде дека Украина „никогаш нема да биде победа за Путин“.
„Тој може да го заземе градот, но нема да ја заземе земјата“, рече Бајден, додавајќи дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина.
Според него војната само ќе ја ослаби Русија, но ќе ја зајакне Украина и целиот свет.