Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе потпише одобрение за нов пакет оружје за Украина во вредност од најмалку 100 милиони долари во наредните денови, изјавија денеска тројца американски претставници.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Тие го рекоа тоа под услов да останат анонимни и додадоа дека најновата испорака на оружје веројатно ќе содржи повеќе муниција за системи како хаубици, пренесува Ројтерс.
Се наведува дека САД од почетокот на руската операција на Украина и испратиле оружје во вредност од 3,4 милијарди долари, а освен хаубици, се користат и противвоздушни системи „Стингер“, противтенковски ракети „Џавелин“ и муниција.
Минатиот месец Бајден предложи пакет помош од 33 милијарди долари за Украина, од кои повеќе од 20 милијарди долари треба да одат за воени фондови.