Бајден и првата дама на САД ќе примат трета доза вакцина против ковид

пред 4 години

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека тој и првата дама Џил Бајден ќе ја добијат третата доза од вакцината против Ковид-19, со цел да го зајакнат имунитетот против новиот сој на коронавирус.

„ Ќе добиеме дополнителна доза“, рече Бајден за „Еј-Би-Си њуз“ во интервју снимено вчера, а емитувано денеска.

Неговата изјава следи откако здравствените власти ги објавија плановите за трета дози на вакцина за возрасни во САД, почнувајќи од 20 септември.

Бајден (78) истакна дека тој и неговата сопруга ги примиле двете дози на вакцината на „Фајзер“ во декември, кога вакцините штотуку беа пуштени во употреба во САД.

Директорката на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, Рошел Валенски, рече дека податоците покажуваат потреба за дополнителна заштита од делта-сојот и намалена ефикасност на вакцината со текот на времето, иако не е јасно колку често ќе бидат потребни засилувања на имунитетот во иднина.

Share
Scroll to Top