Бајден – Макрон: Треба да се провери најавата на Москва за повлекување на руските сили

пред 3 години

Американскиот претседател Џозеф Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон во телефонски разговор ја потврдија својата поддршка за дипломатскиот пат во украинската криза.

Тие се согласија дека е неопходно да се провери најавата на Москва за почеток на повлекување на руските сили околу границата со Украина.

Според Белата куќа, двајцата претседатели синоќа разговарале и за подготвеноста на Западот да и наметне тешки последици на Москва поради нејзиното воено зајакнување на границата со Украина, пренесува „Ројтерс“.

Макрон и Бајден во телефонски разговор се договориле дека е неопходно да се провери руската најава за почеток на повлекување на руските сили околу границите со Украина, што тие го оценија како „рв охрабрувачки сигнал, соопшти Елисејската палата.

Според француското претседателство, во разговорот кој траел околу еден час, двајцата лидери потврдиле и дека остануваат во целосна координација со рускиот претседател Владимир Путин.

Русија вчера соопшти дека дел од нејзините војници се враќаат во базите по вежбите во близина на Украина, а американскиот претседател Бајден им рече на новинарите дека сè уште постои можност за руски напад и извештаите дека некои руски војници се повлекуваат од руско-украинската граница, САД не го потврдиле.

Share
Scroll to Top