Бајден: На Путин да му се суди за воени злосторства

пред 2 години

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека е потребно да се соберат докази за да му се суди на рускиот претседател Владимир Путин за воени злосторства.

„ Тој е воен злосторник“, рече Бајден за Путин по извештаите за масовни убиства на цивили од страна на руските трупи во градот Буча, северозападно од главниот град на Украина, Киев.

„ Тој е брутален, а она што се случува во Буча е нечуено и сите го виделе“, им рече Бајден на новинарите.

„ Мислам дека тоа е воено злосторство… Тој треба да одговора.

Бајден, исто така, рече дека планира да побара дополнителни санкции за Русија поради нејзините дејствија за време на војната, која започна со инвазијата на 24 февруари.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека руските сили вршат геноцид, при што украинскиот народ бил „уништен и истребен“.

Градоначалникот на Буча изјави дека околу 300 жители на градот биле убиени во времето кога борците од Чеченија ја контролирале областа. Русија ги отфрли обвинувањата дека нејзините војници убиле цивили во Буча.

Share
Scroll to Top