Филипини им нудат медицински лица на Германија и Велика Британија во замена за вакцини

пред 3 години

Филипини ќе дозволат илјадници нивни здравствени работници да бидат вработени во Велика Британија и Германија, доколку тие две земји се согласат да им донираат вакцини против коронавирусот на Филипините, изјави директорката на Канцеларијата за меѓународни работи при Министерството за труд, Алис Висперас.

Министерството за здравство на Велика Британија објави дека не е заинтересирано за ваков договор и дека приоритет е употребата на вакцини во земјата, но соопшти дека во иднина ќе го дели вишокот вакцини на меѓународно ниво, пренесува „Ројтерс“.

Филипини, една од азиските земји со најголем број заболени од коронавирус, ги ублажија мерките за забрана за вработување на здравствени работници во странство, но сепак бројот на здравствени работници кои можат да ја напуштат земјата го ограничуваат на 5.000 годишно.

Висперас вели дека Филипини се подготвени да ги отстранат ограничувањата во замена за вакцини од Велика Британија и Германија, кои ќе се користат за вакцинирање на работници кои одат во странство и стотици илјади Филипинци кои влегуваат во земјата.

Share
Scroll to Top