Бајден: Одлучно ќе одговориме ако Русија ја нападне Украина

пред 3 години

Американскиот претседател Џозеф Бајден во телефонски разговор со украинскиот лидер Володимир Зеленски ја потврдил подготвеноста на Вашингтон да одговори одлучно доколку Русија ја нападне Украина, соопшти Белата куќа.

Бајден, исто така, му рекол на Зеленски дека САД испитуваат дополнителна макроекономска поддршка за да и помогнат на економијата на Украина поради притисокот поради акумулацијата на руски војници, се додава во соопштението, пренесува Ројтерс.

Претходно, украинскиот претседател објави дека во телефонски разговор со американскиот претседател Џозеф Бајден разговарал за деескалација на ситуацијата и за можноста за финансиска помош на Украина.

Share
Scroll to Top