Бајден се закани со санкции кон Мјанмар

пред 3 години

САД веднаш ќе ги прегледаат законите и овластувањата за санкциите и ќе преземат соодветни мерки по воениот удар во Мјанмар, изјави денеска американскиот претседател, Џо Бајден.

„Соединетите Американски Држави ги укинаа санкциите против Бурма (Мјанмар) во текот на изминатата деценија врз основа на напредокот кон демократијата“, рече Бајден, пренесува „Ројтерс“.

Тој додаде дека за пресврт на тој напредок ќе биде потребна итна ревизија на законите на САД и овластувања за санкционирање, проследени со соодветни мерки.

Бајден рече дека преземањето на власта од страна на војската, апсењето на премиерката Аунг Сан Су Чи и други официјални лица и прогласувањето вонредна состојба се директен напад врз транзицијата на Мјанмар кон демократија и владеење на правото.

Тој потсети дека САД ги укинаа санкциите кон Мјанмар по воведувањето на демократијата во таа земја, но додаде дека нема да се двоуми повторно да ги наметне.

Share
Scroll to Top